Проблеми со отпадот во Скопје! Арсовска: Градот функционира, работи исто како и во претходните години

Ѓубре насекаде, контејнери полни и неисчистени. Овие сцени станаа секојдневна појава во градот Скопје.

Но, градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска, не се согласува со забелешките. Таа вели дека сè е исто како и во претходните години.

„Градот Скопје функционира, имено Јавното претпријатие „Јавно претпријатие – Општинска хигиена“ работи на идентичен начин, исто како што работело во сите претходни години… односно секој ден во овие денови од неделата, кога истите луѓе, нормално, треба да излезат на терен и да си ја завршат работата“, изјави Данела Арсовска – градоначалничка на Град Скопје.

Таа не го гледа проблемот во функционирањето на Јавното претпријатие „Општинска хигиена“. Според неа, во последните години обемот на отпад околу и во контејнерите драстично се зголемил.

„Понекогаш имаме ситуации каде што општинско претпријатие или приватни субјекти кои го собираат овој отпад од домаќинствата, или од правни лица, не го фрлаат во Дрисла, како единствена санитарна депонија во Македонија. А сега, бидејќи имаме навистина строги санкции, успеваме да ги откриеме сите тие депонии каде што се обидуваат да го фрлат и има кривична одговорност, тие откриваат дека во часовите помеѓу проверките, го прават истото како да го фрлаат во контејнери, или поточно во близина на контејнерите“, додаде градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска.