Доколку сакате домати, ве советуваме при купувањето да обрнете внимание на неколку работи. Многу се зборува за органска храна, за прскано или непрскано овошје и зеленчук.
А дали воопшто знаете да проверите дали доматот е полн со „хемија“ или не?
Доматите спаѓаат во групата овошја и е невозможно да се чуваат во текот на целата зима, но се продаваат веќе на пролет.
Како да знаете дали е прскан домат?
За да одредите дали зеленчукот или овошјето има пестициди, можете да исечете домат и да погледнете внатре. Вообичаено, доматите со токсини имаат жолтеникави ленти, со жолт „дел“ во центарот.
Забележете дека доматите не се со иста големина и изгледаат идентични. Затоа избегнувајте спакувано овошје.
Ако доматот не изгледа „совршено“, ако има бразди, кафеави шари или некои изгледаат „фелерично“, најверојатно станува збор за непрскан домат.