Провокативно и елегантно! Парис Хилтон блесна во фустан, кој не е за секого – деколтето во преден план (ФОТО)

Различни настани, како што е неодамна одржаната церемонија на доделување музички награди во Флорида, се можност за јавните личности, особено за понежниот пол, да ги покажат своите елегантни фустани.

Во тоа дефинитивно успеала Парис Хилтон, која се појавила на споменатото доделување.

Што се однесува до бојата на фустанот, Парис си поигра на сигурно, се одлучи за боја на нане, која одлично ја надополнува нејзината светла кожа и русата коса.

Светкавиот фустан ги покриваше градите со две широки прерамки, имаше пократки ракави и се спушташе надолу, откривајќи длабок шлиц.

Секако, деколтето беше во преден план, иако Парис ги откриваше и долгите нозе со поместување на фустанот од време на време.

Штиклите, чантата и накитот беа исти, сребрени нијанси, додека косата горе во пунџа даваше примеси на посебна елеганција и класицизам.