Прогласена кризна состојба во Општина Делчево: “Како последица од невремето настанаа оштетувања на патната инфраструктура и неколку поголеми свлечишта“

Прогласена кризна состојба во Општина Делчево, информираа од Општината. Оттаму велат дека одлуката е донесена на денешната седница на Владата, а причината за прогласувањето кризна состојба е заради поплави и справување со поплавите и последиците од нив.

Во Општина Делчево како последица од невремето настанаа оштетувања на патната инфраструктура и неколку поголеми свлечишта чијашто санација бара долгорочни решенија за кои е потребна државна помош“, истакнаа од Општина Делчево.

Претходно општинските служби доставија информации до Владата, а по прогласувањето на криза состојба, се очекува и потребната помош. Освен во Делчево кризна состојба од истите причини е прогласена и во Општина Крива Паланка.