Дали синот на Џо Бајден ќе заврши зад решетки !? Хантер Бајден ќе признае вина за неколку ‘тешки’ кривични дела!

Хантер Бајден, синот на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, постигна договор со обвинителите во кој ќе се изјасни за виновен за три кривични дела, но најверојатно ќе избегне затворска казна.

Ова денес го соопшти Министерството за правда на САД.

Судот во Делавер соопшти дека Хантер Бајден ќе се изјасни за виновен за две даночни прекршоци и едно обвинение за оружје.

Изворите велат дека обвинителите ќе препорачаат условна казна, со што синот на претседателот би бил поштеден од затворска казна, но може скапо да го чини ако ја прекрши.

Хантер Бајден (53 г.) со години е под истрага за даночни и финансиски пријави и за контроверзна набавка на пиштол.

Хантер Бајден, Џо Бајден
Џо, Џил и Хантер Бајден

Договорот со обвинителите сè уште треба да биде одобрен од федерален судија.

Истрагата за Хантер Бајден е долгогодишно политичко прашање за администрацијата на Џо Бајден.

Републиканците ја обвинија администрацијата на Џо Бајден за наводно нерамномерно спроведување на правдата, откако федералниот суд го обвини поранешниот претседател Доналд Трамп под обвинение за намерно задржување документи за националната безбедност и заговор за опструкција на истрагата за ова прашање.

Во тек е посебна истрага за доверливи материјали откриени во домот и поранешната канцеларија и на претседателот Џо Бајден.