ПРОДОЛЖЕНИЕ НА СКАНДАЛОТ: Грешникот сè уште е во опасност: Му се заканува суспензија од две години. Одреден му е датум за судење

Судот за спортска арбитража (CAS) денеска соопшти дека сослушувањето на италијанскиот тенисер Јаник Синер за допинг ќе започне на 16 април.
Имено, тенисерот број еден во светот падна на два допинг теста во март поради анаболниот андроген стероид клостебол.

Сепак, независен суд го ослободи во август, откако го прифати неговото објаснување за случајна контаминација.

Светската антидопинг агенција потоа ја обжали таа одлука до CAS во септември, оставајќи го Синер сè уште соочен со можноста да добие забрана за настап до две години.

„Ниту една страна не побара јавна расправа и таа ќе се одржи зад затворени врати“, се вели во соопштението на CAS за дводневното сослушување.

Синер претходно денеска изјави дека сè уште не е свесен за постапката.

Инаку, Италијанецот моментално се наоѓа во Мелбурн каде се подготвува да ја одбрани титулата на Австралија опен, кој започнува во недела.