Продолжен притворот за 10 осомничени за уривање на настрешницата во Нови Сад

Вишиот суд во Нови Сад им го продолжи притворот на осомничените во истрагата за уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември за уште 30 дена, соопштија од Судот.

Продолжен е и куќниот притвор на сите осомничени.

На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.

Во ефективен притвор се десет осомничени, а во домашен притвор се двајца осомничени, од кои едната е поранешната в.д. генерална директорка на „Инфраструктура на Железницата на Србија“ Јелена Танасковиќ.

Поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ се брани од слобода, бидејќи по неколку дена минати во притвор, судот му го укина притворот прифаќајќи ја жалбата на неговиот бранител.

Предметот освен за Танасковиќ и Весиќ се води и против  А.Д., поранешен вршител на должноста помошник министер во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура и Н.Ш. поранешниот генерален директор на „Инфраструктура на Железницата на Србија“ поради сомнение дека сторил тешко кривично дело против општата безбедност во врска со кривичното дело предизвикување јавна опасност.

Останатите осомничени, С.Н. одговорен градежен инженер, М.Ј.Главен проектант на идејното решение, Љ.М.М. главен проектант на проектот за одобрение за градба, М.С. Известувачот за конструкции на Републичката комисија за ревизија, Ј.С.М. одговорно лице за техничка контрола, З.С.М. и Д.Ј. лица одговорни за изведување градежни работи, М.Г. и Д.Т лица одговорни за стручен надзор се товарат дека сториле тешко кривично дело против општата безбедност во врска со кривичното дело неправилно и неправилно изведување градежни работи.

Во уривањето на настрешницата загинаа 16 лица, а едно лице е тешко повредено.