Продолжување на разговорите со партиите за формирање експертска влада за период од една година ќе предложи кандидатот за премиер Марија Габриел
– Утре наутро планирам да предложам да продолжат разговорите за формирање експертска влада, со мандат од една година, врз основа на приоритети. Ова го изјави Марија Габриел, номинирана за премиер од ГЕРБ-СДС, на денешниот брифинг во седиштето на ГЕРБ.
Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Шефот на бугарската држава Румен Радев утре на ГЕРБ-СДС ќе го врачи првиот истражувачки мандат за формирање влада.
Тоа е целта, експертска влада – луѓе кои со својот углед, искуство, стручност ќе ја вдахнат таа доверба што ќе направи предложените приоритети да не бидат општи, туку мерки врзани за рокови и јасни заложби, изјави Габриел. Таа истакна дека пред да се зборува за имиња на експерти треба да се разговара за опцијата експертска влада.
Имаме теми за кои пратеничките групи зазедоа став, посочи Габриел. Таа истакна дека во текот на овие разговори станало јасно дека имало барање за заложба за поддршка на одредени политики. Уставот на Бугарија ни кажува дека имаме рокови, кои ни велат дека мора да се исполнат веќе со јавно, јасно декларирање на обврските и одговорностите. Од утре ќе поканам овие разговори да продолжат, со многу јасна цел, изјави Габриел.
Првата сила на која утре ќе испратиме покана за разговор е „БСП за Бугарија“. Со неа имаме најголеми разлики, изјави Марија Габриел.
Според неа, ќе се разговара со сите партии, освен со „Преродба“. Многу јасно во приоритетите што ги споделив – еврозона, Шенген, буџет, инфлација, имаме разлики со „Преродба“, со кои, во една нормално функционална земја, ќе има време да дебатира. Во овој момент важно е да се идентификуваат заедничките приоритети кои ќе бидат основа за формирање влада и одење напред, коментира таа.
„Рокот ни го наметнува приоритетот што го имаме да излеземе од политичката криза, да ја нормализираме работата на институциите и да покажеме дека оваа формула може да функционира, на што ќе се фокусираме со партнерите. До крајот на годината мора да се донесат два буџета – за 2023 и 2024 година. Тоа за мене е реален термин, посочи Габриел на прашањето зошто токму експертска влада за мандат од една година.
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека до овој момент коалицијата, освен со „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“, не разговарале со ниту една друга формација, „бидејќи вложивме сè да се случи со нив“. „Добивме што – секој ден некакви озборувања. Тоа не беа патувања во странство измислени, ајде до вечерва, туку само во вторник навечер. Ако ви е важно да формирате влада, денеска е недела – ние работиме, коментира Борисов.