Продолжува судењето против Мијалков за масовното прислушување

По речиси два месеца од укинувањето на пресудата на првостепениот суд од страна на Апелација, денеска започнува од почеток судењето за масовното прислушување за предметот „Таргет-Тврдина“.

Со полициско комбе и придружба, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, треба да биде спроведен од затворот во Струга до Кривичниот суд.

Предметот во повторената постапка ќе го суди судијата Илија Трпков, бидејќи Владимир Туфегџиќ кој во претходната постапка ја донесе пресудата за овој предмет замина од Кривичниот суд.

По денешното рочиште следно е закажано веќе за утре. Во овие два дена, обвинетите ќе се произнесат за вина. Потоа судијата ќе ја одреди динамика за идните судења.

Предметот Таргет-Тврдина, по пет години судење во Кривичниот суд и во Апелацискиот суд, сега е пред застарување. Оттука се очекува темпото на рочиштата да биде забрзано иако предметот е обемен.