Продолжува чекањето на македонските гранични премини, колони во Табаноц и Богородица

На граничниот премин Богородица денеска, но и минатиот викенд има големи колони возила за влез во Грција.

Најбројни се автомобилите од Македонија, Србија и Романија. Според информациите на АМСМ, за влез во Грција се чека и до 45 минути, но туристите кои се пред граничниот пункт велат дека чекаат повеќе од час и половина. Редица за влез во Македонија има и на граничниот премин Табаноц.

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Од АМСМ информираат дека на другите гранични точки од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата.