АД ЕСМ вчера произведe 19.942 мегават часови електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти, информираат од Владата.
Притоа, како што посочуваат, во термоелектраните произведени се 14.845 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.097 мегават часови електрична енергија.