АД ЕСМ вчера произведe 20.956 мегават часови електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.
Како што информираат од Владата, во термоелектраните произведени се 13.621 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 7.335 мегават часови електрична енергија.