Производството на електрична енергија во Албанија минатата година помало за 22 отсто, увозот зголемен за 35,1 отсто
– Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, ИНСТАТ, за состојбата со електричната енергија, минатата година во Албанија има намалување на домашното производство, што условило зголемен увоз на електрична енергија, споредено со претходната година.
– Нето домашното производство на електрична енергија е 7.003 гигават часови, или 22 отсто помало споредено со 2021 година, кога биле прозведени 8.963 гигават часови. Податоците на ИНСТАТ покажуваат дека ова производство го реализирале јавните хидроцентрали со 55,1 отсто, приватните и концесиските хидроцентрали со 44,2 отсто и другите производители (фотоволтаици) со обем од 0,7 отсто од нето домашното производство на електрична енергија, јави државната информативна агенција АТА.
Според истиот извор, како резултат на намаленото производство, што е последица на неповолната хидрологија, увозот на електрична енергија забележал раст од 35,1 отсто, споредено со претходната година.
-Бруто-увозот на електрична енергија достигнал 3.044 гигават часови наспроти 2.253 гигават часови колку што бил увозот во 2021 година, што пак е раст од 35,1 отсто. Бруто-извозот на електрична енергија достигна вредност од 2.123 гигават часови, што е помала количина на извезена елекрична енергија за 24,2 отсто споредено со 2021 годна, кога извозот бил 2.800 гигават часови, наведува АТА.