Дурант: За нас играчите, Ол-стар викендот е осумдневна пауза

– Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант проговори зошто играчите во НБА лигата не го сфаќаат сериозно Ол-стар натпреварот и не го даваат најдоброто од себе на теренот.

– За нас, играчите, Ол-стар викендот е осумдневна пауза. Дури и ако сте избран во една од екипите, сепак имате три или четири дена одмор. Погледнете го Џејсон Тејтум, тој веќе одигра 50 натпревари. Момците повеќе размислуваат за опуштање отколку за својата игра на Ол-стар натпреварот. Порано игравте во четврток или петок, потоа имаше пауза за Ол-стар натпреварот, а во вторник или среда игравте повторно. Така останавте во режим на игра и знаевте да не се опуштите, рече Дурант.

Во последно време зачестија критиките за несериозниот пристап на играчите на НБА Ол-стар натпреварите.

Гледаноста на спектаклот кој се случува еднаш годишно, исто така бележи негативни рекорди.