Transfermarket ги ажурираше проценките за пазарните вредности на фудбалерите кои играат во шпанската Ла Лига.
Најскап фудбалер во Ла Лига во моментов е англискиот офанзивен играч за врска Џуд Белингем. Цената на ѕвездата на Реал Мадрид е зголемена за 30 милиони евра и сега изнесува 180 милиони евра.
Светот сега има тројца играчи чија вредност се проценува на 180 милиони. Покрај Џуд Белингем, тоа се напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд и напаѓачот на Париз Сен Жермен, Килијан Мбапе.
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор, остана на 150 милиони, додека пазарната вредност на лидерот Жирона порасна за цели 64 милиони и сега изнесува 225 милиони евра.
Вредноста на тимот на Барселона падна за 44 милиони евра, а намалена е и пазарната вредност на дури девет играчи на каталонскиот гигант.