Промена на светскиот поредок: Москва создава нова организација, ривал на ,,Групата седум.” Побарувачката за членство е голема

,,Јужна Африка ќе и’ се придружи на Русија во промена на светскиот поредок во кој незападните организации како БРИКС играат поголема улога”, изјави министерот за надворешни работи на Јужна Африка, Наледи Пандор.

Ова го изјави Наледи Пандор во понеделникот кога се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на почетокот на неговата турнеја низ африканските престолнини. Русија и Јужна Африка се две од петте членки на БРИКС, заедно со Кина, Индија и Бразил.

Војната во Украина ја ревитализираше кампањата на Москва за создавање нова организација која ќе се натпреварува со блокот на земји во кој доминира Западот, како што е Групата седум. Според некои прогнози, БРИКС би можел да се прошири во текот на следната година и да вклучи земји како Нигерија, Египет, Венецуела, Иран, Аргентина и Саудиска Арабија.

Претходно овој месец, Пандор рече дека има голема зсинтересираност за членство во БРИКС. Одлуката за проширување најверојатно ќе биде донесена оваа година, за време на претседателството на Јужна Африка со оваа групација.

Земјите од БРИКС веќе разговараат за можноста да се спротивстават на глобалната доминација на американскиот долар и да користат други валути во нивните трансакции, рече Пандор.

НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК

На средбата со Лавров таа рече:

– ,,БРИКС треба да игра проактивна улога во процесот на создавање нов поредок во светот.”

– Актуелните глобални геополитички тенденции јасно ја покажуваат потребата од создавање институционален механизам кој ќе има форма и глобална доверба што ќе ги промовира мирот и безбедноста, рече тој.

Лавров рече дека имал детален разговор со Пандор за БРИКС.

– Сите се согласуваме дека оваа структура е пример за навистина мултилатерална и мултиполарна дипломатија, која се заснова на потрагата по заеднички интереси, рече тој.

Стивен Грузд, шеф на руско-африканската истражувачка програма, рече дека БРИКС пронашол нова причина за постоење како резултат на руско-украинскиот конфликт.

– ,,Во групата постои јасно уверување дека светот не треба да има само една велесила и дека единствена велесила не треба да бидат САД. Мора да има мултиполарност и други центри на моќ”, рече Грузд.

– Верувам дека БРИКС се позиционира како ривал на групата Г7, рече тој.

Москва неодамна се обидува да добие поголема поддршка во Африка. По посетата на четири земји во јули, Лавров овој месец ќе посети уште четири, а следниот месец уште четири. Неговата турнеја ги вклучува Ангола, Боцвана и Есватини, а потоа следат Алжир, Мароко, Тунис и Мавританија.

Кинескиот министер за надворешни работи, пак, овој месец посети пет африкански земји, а двајца американски официјални претставници оваа недела остваруваат индивидуални посети на шест африкански земји.

Глобалните сили знаат дека имаат поголеми шанси во Обединетите нации доколку ја добијат поддршката од африканските држави, а Африка има 54 гласа во Генералното собрание на ОН.

На првиот ден од руската инвазија на Украина, јужноафриканската влада побара Русите веднаш да се повлечат. Тие предупредија дека руската воена акција може да предизвика човечко страдање па дури и смрт и голема штета на светската економија.

Но, во меѓувреме, Јужна Африка одби да ги повтори своите критики и се воздржа од гласањето во ОН.

Пандор сега рече дека повторувањето на изјавата од почетокот на конфликтот би било поедноставно и инфантилно со оглед на големиот трансфер на оружје за Украина од нејзините сојузници. Таа рече дека разговорите со Лавров биле одлични, а Јужна Африка ја опиша како пријател на Русија.

Мала група демонстранти со украински знамиња демонстрираа пред зградата на владата каде што се одржа оваа средба.

Јужна Африка, Русија и Кина најавија планови за поморски вежби следниот месец во Јужна Африка, а ќе бидат вклучени и руски бродови.

Белата куќа соопшти дека поморските вежби им создаваат проблем на САД секогаш кога некоја земја има заеднички вежби со Русите во време кога Русија води брутална војна против Украина, пишува theglobeandmail.