Промените на вашата кожа укажуваат на недостаток на овие витамини

Ако забележите одредени промени на кожата, тоа може да биде знак дека ви недостасуваат витамини или минерали.Доколку имате пукање на кожата околу рабовите на усните, експертите велат дека тоа е знак дека ви недостасуваат железо, цинк и витамини од групата Б, имено витамини Б2, Б2 и Б12. Ова е честа појава кај вегетаријанците бидејќи тие често не внесуваат доволно од овие витамини поради нивната исхрана.

Добро решение за недостаток на овој витамин е да се јаде повеќе блитва, кикирики, леќа, лосос, туна, јајца. Апсорпцијата на железо е подобрена со витамин Ц, кој помага во борбата против инфекциите. Корисно е да се комбинираат овие намирници со зеленчук како што се брокула, црвени пиперки, кељ и карфиол.

Ако имате црвен осип на лицето и опаѓање на косата, тоа е знак дека ви недостасува витамин Б7, познат како витамин за коса. Решението е да јадете повеќе варени јајца, лосос, авокадо, печурки, соја, ореви, малини и банани.

Ако забележите црвени или бели промени на кожата слични на акни на вашата кожа, особено на лицето, рацете и задникот, тоа е знак дека ви недостасуваат масни киселини и витамини А и Д. При недостаток на овие витамини, корисно е да консумирате лосос, сардини, јаткасти плодови, зелено овошје, моркови и црвени пиперки. Овие зеленчуци се богати со бета-каротен, кој телото го користи за да го добие потребниот витамин.

Ако чувствувате пецкање и трнење во рацете, стапалата или телото, тоа е знак дека ви недостасуваат витамини од групата Б, како што се фолна киселина Б9, Б6 и Б12. Овој недостаток е поврзан со периферните нерви. Решението за недостатокот на овие витамини е да јадете спанаќ, цвекло, грав, јајца, школки.

Доколку имате проблеми со грчеви, болки во градите, зглобовите, нозете и грбот, тоа е знак дека ви недостасува магнезиум, калциум и калиум. Препорачливо е да јадете повеќе банани, бадеми, лешници, тиквички, цреши, јаболка, брокула.