ПРОМЕНИ ОД 1 ЈУЛИ! – Најсилниот напад на Шојгу на Пригожин: Потпишан нов декрет, ова може да биде крајот на Вагнер!

Ова е одмазда на Шојгу затоа што Пригожин повеќепати јавно го критикуваше руското Министерство за одбрана и лично министерот за одбрана

Сите руски волонтерски единици ќе потпишат договори со Министерството за одбрана до 1 јули, најави заменик министерот за одбрана Николај Панков на телефонска конференција.

Соодветната наредба ја потпиша министерот за одбрана Сергеј Шојгу, а според образложението, оваа одлука „ќе овозможи да им се даде потребниот правен статус на волонтерските единици и да се прошират можностите за пополнување на единиците и со воен персонал и со доброволци“.

„Склучувањето договори на граѓаните со државата е пред се продолжување на мерките за социјална заштита и поддршката што државата ги донесе за нив и за членовите на нивните семејства“, појасни Панков.

Не помина долго, а на руските канали се појавија објаснувања дека всушност се работи за напад на Евгениј Пригожин и неговите Вагнерци. Така, телеграмскиот канал Сота сугерираше дека со оваа наредба Министерството за одбрана сака да ги потчини руските приватни единици, вклучително и Вагнер, кои сега се во статус на волонтерски формации.

Ова е одмазда на Шојгу затоа што Пригожин повеќепати јавно го критикуваше руското Министерство за одбрана и лично министерот за одбрана. Поточно, во првите месеци од 2023 година, Пригожин неколку пати го обвини Министерството за одбрана дека одбива да му издаде муниција на ПМЦ Вагнер, а Шојгу и генералите за некомпетентност.

Секако, одговорот од другата страна не мораше долго да чека. Пригожин јасно стави до знаење дека Вагнер нема да потпише никакви договори со руското Министерство за одбрана.

– Членовите на Вагнер се исклучително професионални и ефикасни. За жал, повеќето воени единици немаат таква ефикасност, а тоа е токму поради неспособноста на Шојгу правилно да управува со армијата – изјави Пригожин.