СТРАДАЊЕТО ЗА НАТАЛИЈА ГО ДОНЕЛО ЈОКИЌ ДО ТИТУЛАТА ВО НБА! Чудесна игра на судбината: Како Србинот поради ЉУБОВ не успеа да премине во Барселона!

Српскиот кошаркарски репрезентативец Никола Јокиќ стана шампион на НБА лигата и МВП на големото финале!

Тој влезе во НБА на малат врата и испиша историја.

Јокиќ пристигна во НБА без претходно да се испроба на најголемата европска сцена, а неговиот пат беше речиси сосема поинаков.

Наместо во Денвер, тој лесно можеше да заврши во Барселона, со која се договори менаџерот Миодраг Ражнатовиќ. Сепак, тој не беше предодреден да се пресели во Шпанија.

Имено, тој со одличните игри во дресот на Мега го привлече интересот на бројни клубови меѓу кои и Барселона.

Челниците на Барса дојдоа со подготвен петгодишен договор, но по мечот Мега – Цедевита, кој во живо го следеа од трибините, се откажаа од потписот. Никола го одигра веројатно најлошиот натпревар во кариерата и Барса порача дека треба и треба време повеќе да размисли.

Претставниците на Барселона дојдоа со договор да го гледаат натпреварот со Цедевита, тогаш не го знаев тоа, но го одиграв веројатно најлошиот натпревар во мојот живот. Не знам дали беше намерно или ненамерно, но јас ги имам тие игри, кога не сакам да шутирам или да додавам, или сакам да шутнам сè… Па, само кликна нешто во мене, а тогаш кликна на оваа лоша страна “, низ насмевка се присети Никола.

„Деки (Дејан Милоејвиќ) сакаше да ме убие. Не знам, но се случи таков ден, малку не те сака топката, а малку и ти несакаш, а потоа ќе биде катастрофа“, рекол Јокиќ.

Неговиот тогашен тренер Дејан Милојевиќ откри дека на Никола во тој период многу влијаеше фактот дека неговата девојка заминала во Америка да студира.

Претпоставувам дека играше толку лошо поради заминувањето на неговата девојка во Америка. Беше емотивно празен, тоа многу го погоди. Заминувањето на неговата девојка во Америка го вознемири“, објасни Милојевиќ .

Барса долго размислувала и конечно на крајот и се удри од главата. Денвер го зграпчи Србинот кој подоцна израсна во најдобар кошаркар на денешницата.

На ова треба да се додаде приказната за Миодраг Ражнатовиќ.

Не бев за Америка. Но, скаутот на Денвер, Артурас Карнишовас дојде и ме праша: „Дали мислиш дека ќе се развие подобро физички во Барселона, отколку со нашата програма во Денвер?“ Тоа ми даде адут“, рекол Ражнатовиќ во тоа време.

А Наталија? Таа на почетокот го одбиваше додворувањето на Никола, но денес е неговата најголема поддршка. Никола проговори за моментот кога ја забележал:

Моето друштво и јас излегувавме во кафуле кое беше отворено до полноќ, а кога се затвори, седнавме на клупа. Една вечер бевме само ние двајца, а потоа дојде Наталија. Ми се допадна веднаш кага ја видов, но тоа не и го кажав веднаш, туку се забавувавме следните шест месеци, можеби и подолго. Сето тоа време ги криев емоциите“, изјавил Никола пред неколку години во интервју за „Глорија“.

Како што изјавил, Наталија на почетокот не покажала никаква реакција кога и признал дека му се допаѓа.

Кога првпат и кажав дека ми се допаѓа, не добив никаков одговор. Таа мудро молчеше“ , откри Јокиќ.

Како што веќе рековме, во периодот кога почнаа да се забавуваат, Никола играл во Србија, додека Наталија студирала во Америка.

Одев во средно економско училиште, а Наталија требаше да оди во Америка, таа веќе се запиша на психологија на „Семинол Стејт Колеџ“. И буквално два месеци откако почнавме да се забавуваме, таа си замина“, изјави кошаркарот на гореспоменатото интервју .

Никола и Наталија се венчаа во октомври 2020 година во родниот град на кошаркарскиот репрезентативец на Србија, Сомбор, а пристапот до храмот на Српската православна црква бил под надзор на обезбедувањето и само одбрани гости можеле да пристапат додека траела црковната венчавка.

Во септември 2021 година, парот ја доби ќерката Огњена, која е центарот на светот на Никола.