“ПРОМЕНИ ОД 1. ЈУЛИ!“ – Ова е најсилниот напад од страна на Сергеј Шојгу врз Евгениј Пригожин – потпишан нов декрет со кој ќе се означи крајот на ‘готвачот’ и Вагнер !?
Сите руски волонтерски воени единици ќе потпишат договори со Министерството за одбрана на Русија до 1. јули, најави заменик министерот за одбрана на оваа земја, Николај Панков.
Соодветната наредба ја потпиша министерот за одбрана Сергеј Шојгу, а според образложението оваа одлука – „ќе овозможи да им се даде потребниот правен статус на доброволните воени единици и да се прошират можностите за пополнување на единиците и со воен персонал и со доброволци“.
„Склучувањето договори на граѓаните со државата е пред се продолжување на мерките за социјална заштита и поддршката што државата ги донесе за нив и за членовите на нивните семејства“, појаснува Николај Панков.
Не помина долго време од објавувањето на одлуката, а на руските канали на социјалните мрежи веќе се појавија објаснувања дека всушност се работи за напад на Евгениј Пригожин и неговата група Вагнер. Така, популарниот руски канал на Телеграм, SOTA сугерираше дека со оваа наредба Министерството за одбрана сака да ги потчини руските приватни единици, вклучително и Вагнер, кои сега се во статус на волонтерски формации.
Ова е одмазда на Сергеј Шојгу затоа што Евгениј Пригожин повеќепати јавно го критикуваше Министерството за одбрана на Русија и лично министерот за одбрана. Поточно, во првите месеци од 2023 година, Евгениј Пригожин неколку пати го обвини Министерството за одбрана дека одбива да му издаде муниција на Вагнер, а Сергеј Шојгу и генералите за некомпетентност.
Секако, одговорот од другата страна не мораше долго да чека. Евгениј Пригожин јасно стави до знаење дека Вагнер нема да потпише никакви договори со Министерството за одбрана на Русија.
„Членовите на Вагнер се исклучително професионални и ефикасни. За жал, повеќето воени единици немаат таква ефикасност, а тоа е токму поради неспособноста на Сергеј Шојгу правилно да управува со армијата“, изјави Евгениј Пригожин.