Променливо облачно со засилен, повремено силен ветер од северен правец

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со засилен, повремено силен ветер, над 80 километри на час од северозападен правец. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со засилен, повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Утре ќе се задржи студено време со умерен до засилен северен ветер. Во наредните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.