Променливо облачно со слаб дожд и ветер

 Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, кој попладне во северните делови ќе го промени правецот во северен.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурата. Поради разведрувањето минималните температури во првите два дена од следната седмица на повеќе места ќе се спуштат под нула.