Пронајдена е исчезнатата девојка од Лединац! Плаче и не зборува, си ја истрижила косата: Мајка ѝ се сомнева дека ова е причината за нејзиното исчезнување

Девојчето од Лединац, кое исчезна во понеделникот на 5 јуни, денеска е пронајдено живо и здраво. Нејзината баба и мајката на девојчето потврдиле дека таа е добро и се вратила дома.

Таа му испратила порака на својот брат на Инстаграм, а тоа било доволно полицијата да ја лоцира.

„Сè е во ред, таа е во добра состојба. Жива е здрава, само си ја отсече косата до рамениците. Седи, не гледа, плаче, крева раменици и на нашето прашање „зошто“ одговара co не знам“, вели мајката на девојчето.

Девојчето одбива да соработува, но мајката тврди дека има потенцијални информации за причината за исчезнувањето на нејзината ќерка.

,,Дознав дека треба да оди на дополнителна настава по четири предмети, оценките и’ се лоши. Претпоставуваме дека тоа е причината за нејзиното исчезнување. Не можам да кажам со сигурност, ќе мора да разговараме, бидејќи таа одбива да каже нас што било. Cè ќе се реши, единствено важно е дека е пронајдена и повторно сме сите заедно“, додава мајката.

Девојчето било со другарката, а граѓаните во Беочин ја препознале и потоа ја известиле полицијата која ја повикала баба Елизабета и ја известила дека нејзината внука е пронајдена.

На 5 јуни Баки рече дека била кај нејзина другарка во Сремска Каменица и дека ќе дојде дома со автобус околу 19 часот. Во моментот кога требало да пристигне, таа не била таму и веднаш била пријавена за исчезната.