Пронајдени остатоци од одамна изумрено морско животно! Научниците во шок: „Имаше грло што можеше да го исфрли од себе“ (ФОТО)

Во британското село Лентвардин се откопани останки од праисториски морски црв стар 425 милиони години.

Научниците веруваат дека овој црв (Radnorscolex latus) живеел на дното на океанот пред 425 милиони години, кога Британските острови биле под вода.

Анализата на остатоците покажува дека црвот имал грло што можело да се истурка за да фати храна на дното на океанот, а според Ричи Хауард од Природонаучниот музеј во Лондон, црвот наликува на џиновските црви од познатиот холивудски филм „Дина“.

„Мислиме дека тие не беа многу пребирливи кога станува збор за јадење и веројатно го заглавиле грлото во калта и грабеле сè што ќе најдат“, рече Хауард.

Овој црв, кој веројатно пораснал до максимална должина од осум сантиметри, имал повеќе редови остри заби и еден вид кука на главата, со кои се држел на земја и се движел.