Пронајдени 2 тони дрога во барака во близина на куќата каде што биле децата: Рекордна заплена на кетамин во Холандија

Холандската полиција заплени повеќе од два тони кетамин , чија продажна вредност е околу 55 милиони евра, од барака во село во близина на Мајдерберг, што, според полицијата, е најголемата количина на кетамин досега пронајдена во Холандија.

Полицијата соопшти дека еден осомничен е во притвор, објави NL Times.

Според извештаите, на 4 јануари полицијата упаднала во куќа во селото Мајдерберг по анонимна дојава за присуство на наркотици.

Полицијата потоа во барака во близина на куќата пронашла десетици кутии полни со кетамин, а биле пронајдени и неколку килограми тешки дроги.

Наркотиците се одземени и уништени.

Полицијата уапсила маж кој бил во куќата каде бил извршен претресот и ја истражува неговата улога во случајот.

Во куќата имало и две деца кои се згрижени од социјалните служби, соопшти полицијата.

Според холандскиот закон, кетаминот не е тешка дрога, но илегалната трговија со кетамин е кривично дело казниво со максимална казна од шест години затвор.