ПРОНАЈДЕН Е ХЕЛИКОПТЕРОТ НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Спасувачите успеале да остварат КОНТАКТ со член на екипажот и службеник од авионот
Според неофицијалните информации на иранската Прес ТВ, спасувачите го пронашле хеликоптерот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој се урна на северозападот на земјата!
Иранскиот потпретседател Мохсен Мансури претходно изјави дека по падот на хеликоптерот, спасувачите успеале да стапат во контакт со член на екипажот и службеник кои биле во него.
Мансури рече дека се уште има надеж дека несреќата не била фатална.
– Надеж ни дава фактот што е воспоставен контакт со еден од патниците на хеликоптерот и еден од членовите на екипажот. Затоа, се надеваме дека степенот на сериозност на инцидентот не бил превисок – изјави Мансури, чија изјава ја пренесе иранската новинска агенција Фарс.
Хеликоптерот се урнал во северозападниот регион Варзакан, кој се наоѓа на приближно 600 километри од Техеран. Варзакан припаѓа на иранската провинција Источен Азербејџан. Последниот ГПС сигнал наводно бил лоциран во близина на рудник за бакар во шумите на Арсбаран.
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан бил и меѓу патниците во хеликоптерот што се урнал.
Ебрахим Раиси пристигнал во Азербејџан претходно во неделата .
Таму, заедно со претседателот на земјата, Илхам Алиев, учествувал на церемонијата на пуштање во употреба на хидроцентралата Худаферин и на отворањето на хидроцентралата Гиз Галаси изградена на реката Араз.