Пророштвото на Мирослав Лазански! Украина нема да биде во НАТО! Русија би имала 45 отсто од загинатите, Европа и САД до 90 отсто мртви!

САД и НАТО нема да испратат свои сили во Украина, бидејќи немаат шанси да победат во конвенционална војна, напиша дипломатот и новинар Мирослав Лазански уште во 2019 година.

– Имено, во ситуација кога војниците на НАТО или на САД во Украина би биле пред пораз од руската армија, Брисел и Вашингтон ќе треба да одлучат или да го признаат поразот со сите политички и воени последици, или да посегнат кон употреба на проектили со тактичко нуклеарно оружје. Во таква ситуација, кога ракетите Томахавк можат да погодат цели во Русија за пет до шест минути, Кремљ има многу малку време да одлучи за нуклеарен одговор, да го нареди и да ги лансира своите ракети.

Ако не одлучи во рок од три минути, нема ни да може да го спроведе, бидејќи во тој случај американските крстосувачки ракети веќе би ги погодиле своите цели.

Со други зборови, преминот од употреба на тактичко во стратешко нуклеарно оружје е опасна граница. Ризикот од ескалација е страшен и двете страни може да ја толкуваат употребата на тактичко нуклеарно оружје како увертира за употреба на стратешко нуклеарно оружје. И тогаш само Бог може да и’ помогне на планетата. Би умреле меѓу 500 милиони и 1,5 милијарди луѓе, Русија би имала од 20 до 45 отсто од загинатите, Европа и САД од 60 до 90 отсто од мртвите, бидејќи Русија има подобар систем на цивилна заштита.

Што се однесува до „подалечните држави“ – ќе има 20 до 50 проценти мртви во Европа, 30 до 60 проценти во Јапонија и 20 до 70 проценти во Кина. Ова се податоците на професорот Лоуел Вуд од Националната лабораторија во Ливермор, САД, објавени во 1982 година.

Како што во меѓувреме напредуваше технологијата на нуклеарно оружје, бројот на жртвите би бил многу поголем – предупреди Лазански за „Спутник“.

Она што започна во Европа во 1999 година со ракети и бомбардирање на СР Југославија, сега продолжува со апсорпцијата на балканските земји во НАТО. И трагедијата во Украина, трагедијата на граѓанската војна, напиша Лазански.