Погледнете како заменичката на Бајден се опушти со хип-хоп и што ѝ порача еден Афроамериканец (фото/видео)

Американската потпретседателка Камала Харис (58) предизвика многу коментари на социјалните мрежи кога на интернет се појави видео на кое таа ги танцува во ритамот на хип-хопот.

„Њујорк пост“ пишува дека потпретседателката на САД, го изложила Џо Бајден на потсмев затоа што „играла како баба“ за време на прославата на 50-годишнината од тој музички правец организиран во градината на Белата куќа.

Се вели дека критичарите ја нападнале заменичката на Бајден затоа што ги повторувала истите движења без никаква естетика.

– Камала Харис со потези како на баба на прославата на 50-годишнината од хип-хопот што таа ја организираше – напиша политичкиот коментатор Ентони Брајан Логан, инаку Афроамериканец, на социјалната мрежа Х со видеото на Камала.

„Њујорк пост“ пренесува дека еден од корисниците на таа социјална мрежа напишал дека нејзиниот танц е „чист срам“.

Друг напишал дека му е гадно да го гледа видеото.

Се соопштува дека Харис танцувалa кога диџејот го свирел хитот на раперот Q – Tip од 1999 година „Vivrant Thing“.