Американската пејачка Ријана го откри рецептот за нејзиното омилено јадење
Станува збор за протеинска салата, која долгорочно ве штити и го снабдува вашиот организам со хранливи компоненти.
Ѕвездата од Барбадос, Ријана откри дека главната состојка во нејзината салата е леблебијата – која е одличен извор на протеини, албумин и растителни влакна, пишува Телеграф.
Потребни состојки (за едно лице):
– 100 гр варени наут,
– ½ помала краставица,
– ½ мал домат,
– 2 кришки кромид,
– сол и бибер по желба,
– 1 лажица маслиново масло,
– листови босилек за декорација.
Упатство:
1. Наутот пред да зоврие натопете го во вода за да набабри – подобро е да го натопите преку ноќ.
2. Сомелете ги кромидот, краставицата и доматот и во сад измешајте ги овие зеленчуци со наутот.
3. Убаво измешајте ги состојките, додадете сол, бибер и маслиново масло.
Пријатен оброк.