Протеински палачинки со пет состојки: Здрава вечера и уште поздрав појадок

Овие протеински палачинки не освоија во последно време, без шеќер и со зголемена доза на протеини. Толку се едноставни што не е тешко да ги подготвиме веднаш штом ќе станеме бидејќи се направени по принципот една лажица од се. Тоа ќе биде супер хранлив појадок и исто така слатка закуска кога ќе посакате нешто слатко навечер. Ако мислите дека вашите палачинки нема да бидат доволно слатки, слободно засладете ги дополнително пред или по печењето.

Состојки:

1 многу зрела банана

1 јајце

1 лажица јогурт

1 лажица овесно брашно

1 лажица овесна каша

Постапка:

Изгмечете ја бананата во сад. Во него додадете го јајцето и измешајте. Во смесата додадете една лажица обичен јогурт, овесна каша и брашно. Сè убаво измешајте за да се добие хомогена смеса. На добро загреана тава, со малку путер или масло, пржете ги палачинките по неколку минути од секоја страна, односно додека не поруменат од двете страни. Послужете веднаш, со вашите омилени додатоци.