Околу 4.000 луѓе присуствуваа на протест во Берлин на кој се изјаснија против испраќање оружје во Украина, како и за оставка на германската влада и предвремени избори во земјата, соопшти германската полиција.
„Според прелиминарните проценки, на маршот учествуваа околу 4.000 луѓе“, соопшти полицијата.
Се собраа и околу 350 нивни противници, но тие не го попречија маршот, соопшти полицијата, додавајќи дека имало само неколку вербални пресметки додека поворката минувала низ градот.

Околу 230 полицајци беа распоредени за следење на протестните настани низ градот.
Маршот, кој започна во близина на катедралата во Берлин, беше повикан од активисти блиски до десничарската партија ,,Алтернатива за Германија” и движењето ,,Кверденкер”, кое претходно се спротивстави на ограничувањата на коронавирусот.