ПРОТЕЧЕ ДОВЕРЛИВ ТАЕН ИЗВЕШТАЈ – Американците пресметале точно колку војници изгубиле Русите

Доверлив американски извештај проценува дека 315.000 Руси биле убиени или ранети во војната во Украина, или речиси 90 отсто од војниците за време на почетокот на конфликтот, откри во вторникот за медиумската агенција Reuters извор близок до разузнавачката заедница.

Во извештајот се вели дека загубата на руски воен персонал и оружје ја врати модернизацијата на руската Армија 18 години наназад. Руските власти и Министерството за одбрана на Руската Федерација се уште не ги коментираат пишувањата на угледните медиуми.

Руските власти често велат дека западните проценки за загубите во војната се значително претерани и дека бројот на украинските жртви е потценет.

Во извештајот се наведува дека Русија ја започнала својата инвазија со 360.000 луѓе. Поради големите загуби, официјална Москва мораше да ги релаксира критериумите за регрутирање и да испрати осуденици и постари цивили во Армијата.

Руската Армија сè уште има 1,3 илјади оклопни возила на бојното поле и затоа мора да ги зајакне своите линии со тенкови Т62 произведени во 1970-тите години, се вели во извештајот. Киев, исто така, го крие бројот на загинати, тврдејќи дека тоа е државна тајна што може да ги загрози неговите воени напори.

Во август, New York Times, повикувајќи се на американски официјални претставници, напиша дека околу 70.000 Украинци загинале во војната до тогаш.