Протече ТАЈНО ВИДЕО ОД СВРШУВАЧКАТА НА ЛЕЈДИ ДИ И ЧАРЛС: Откако го прашаа дали ја сака, светот на Дијана целосно се сруши (ВИДЕО)
Велика Британија сега има нов монарх – кралот Чарлс III , а тоа ги разбуди старите духови и ја натера јавноста да се потсети на бројни детали од животот на овој 73-годишник, како и од бракот со покојната Лејди Ди.
Бракот на принцезата Дијана и Чарлс го замисливме како совршен, идиличен. Сепак, на TikTok стана актуелно видео кое датира од периодот на нивната свршувачка, што не уверува во спротивното.
Снимката од нивната свршувачка е од 1981 година и подобро од се ја прикажува заладената и нејасна врска меѓу Чарлс и Дијана. Ова е една од ретките ситуации во кои е очигледно незадоволството на тогашната принцеза од Велс и во која таа не се ни потрудила да го прикрие.
Имено, тие на младиот пар го поставиле прашањето „Дали се сакате“, а додека Лејди Ди одговорила „секако“, Чарлс решил да даде сосема поинаков одговор. „Што и да значи љубовта“, прокоментира тој, по што на лицето на оваа тогаш само 19-годишна девојка се појавија низа непријатни емоции.
Официјалното видео секако беше монтирано и исечено, така што јавноста не можеше да ги слушне коментарите на Чарлс, но необработената снимка беше емитувана минатата година на Channel 5. Експертите на кралското семејство велат дека е „шокантно“ и „неверојатно“.
– Изразот на нејзиното лице е толку раскажувачки. Никогаш порано не сум ја видел да го покажува своето незадоволство толку јасно пред камерите, тоа е одлична снимка“, изјави минатата година кралскиот историчар Пирс Брендон.
Од друга страна, писателот Ричард Кеј додаде дека молкот меѓу нив по коментарот бил морничав.
– Навистина може да се види како блеска во нејзините очи. Тогаш и се срушил целиот свет – вели биографот на Дијана, Ендрју Мортон.