Професорката се појави во брутална долна облека: Математиката не ѝ одеше па среќата ја побара во ринг (видео)

Атрактивната австралиска боксерка Ебани Бриџис доживеа вистински дебакл во рингот.

Поранешната професорка по математика која стекна невидена популарност објавувајќи голи фотографии не успеа да ја одбрани титулата во бантам категоријата ИБФ, бидејќи во Сан Франциско претрпе тежок пораз од својата ривалка Мијо Јошида.

Јошида славеше со едногласна одлука на судиите. На атрактивната русокоса и’ задала дури 122 удари, а примила 66, па судиите немале тешка работа.

Бриџис го призна поразот и и’ честиташе на противничката по мечот.

,,Таа беше најдобриот борец вечерва. Убава и скромна, самохрана мајка. Се чувствував топло одвнатре кога видов колку значи победата за неа и нејзината ќерка”, рече Бриџис, додавајќи:

„Поразот не ме дефинира. Нема откажување, сè е учење и ќе се вратам подобра и посилна. Ви благодарам на сите што сте со мене“, напиша „Blonde Bomber“ на социјалната мрежа „X“.

Пред самиот натпревар Бриџис привлече огромно внимание кај јавноста, бидејќи на официјалното мерење се појави во крајно провокативна долна облека. Интересно, пред да реши да се испроба во бокс, атрактивната русокоса беше успешен промотер на натпреварите. Таа беше дел од тимот на девојки кои Конор Мек Грегор ги донесе како промотори на натпреварот помеѓу Ентони Џошуа и Роберт Хелениус.

На 33 години реши да се испроба во рингот и досега има остварено девет победи и два порази.