Професорка 20 години отсуствувала од работа: Вешто ги избегнувала обврските, земала плата, а по отказот се огласила од плажа (фото)

Професорка во средно училиште која доби отказ откако беше откриено дека отсуствувала 20 години од нејзината 24-годишна кариера, тврди дека вистината е на нејзина страна.

Синсија Паолина Де Лио (56), која предавала литература и филозофија во училиштата во Венеција, користела комбинација од боледување и одмор, како и дозвола да присуствува на конференции за да избегне предавања и некако успеала да ги избегне секојдневните обврски со децении. Таа првично беше отпуштена во 2017 година, но, откако се врати на работа четири месеци, доби неколку поплаки за нејзиниот стил на настава.

Италијанските медиуми пишуваат дека Синција најчесто времето го поминувала гледајќи во мобилниот телефон за време на часовите и дека учениците ги учела работи кои воопшто не биле дел од наставната програма.

Минатата недела, врховниот суд на Италија ја укина пресудата од 2018 година, велејќи дека две децении отсуство од работа и’ оставило „трајна и апсолутна неспособност за работа“.

Медиумите јавуваат дека маратонскиот процес докажал колку е тешко да се отпушти вработен во јавна служба.

ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ ЗА РАБОТА

Судот ги сослуша жалбите на студентите кои се жалеа дека професорката е слабо подготвена и дека не носи учебници, односно дека имала „случаен и импровизиран“ начин на оценување на нивната работа.

Надлежната инспекција во пријавата навела дека некои студенти протестирале и одбивале да дојдат на нејзините часови. Увидот утврдил и дека таа била неподготвена и невнимателна додека предавала.

Де Лио вети дека ќе ја претстави својата страна од приказната. Професорката која тврди дека сега работи како новинарка изјавила дека со задоволство би ги споделила фактите, но не веднаш.

Де Лио тврди дека има документи кои можат да ја докажат нејзината страна на приказната, но кога новинарите од Италија стапиле во контакт со неа, таа не била расположена за разговор.

– Жал ми е, но јас сум на плажа во моментов. Не одговарам на новинарски прашања кои не соодветствуваат со вистинитоста на мојата приказна – рекла професорката.

По завршувањето на последната судска постапка, Министерството за образование најави дека се повеќе ќе се залага наставната дејност да се одвива со соодветно вештачење.