ПСЖ планира да се раздели со седум играчи во летниот преоден рок

Спортскиот директор на Пари Сен-жермен, Луис Кампос, изјави дека раководството на тимот нема да толерира играчи кои не ги оправдуваат очекувањата.

Според „Le Parisien“ парижаните ќе стават на трансфер седум играчи и нема да го обноват договорот со нив. Меѓу играчите се играчите од средниот ред Витиња, Ренато Санчес, Фабијан Руиз и Карлос Солер, дефанзивците Хуан Бернат и Серхио Рамос, како и напаѓачот Хуго Екитике.

Пари Сен-Жермен е прв на табелата во француската Лига 1 со 72 бода од 31 натпревар.