ПСЖ сака да го комплетира трансферот на Коло-Муани во наредните денови

ПСЖ сака во наредните денови да го комплетира трансферот на напаѓачот на Ајнтрахт, Рандал Коло-Муани, тврди „Telefoot“.

Двете страни планираат да го договорат трансферот до вторник. ПСЖ се надева дека ќе постигне договор за помалку од 80 милиони евра, без бонуси.

Беше објавено дека Ајнтрахт бара 100 милиони евра од Парижаните за 24-годишниот Французин и не планира да ја намали цената.

Коло-Муани е во Ајнтрахт од минатото лето. Сезонава има постигнато два гола на два натпревари за тимот во Бундеслигата и Купот на Германија.