Психолозите открија: Луѓето кои имаат тетоважи на телото се разликуваат од другите поради овие три особини

Луѓето со векови го тетовираат и украсуваат своето тело. Појавата на тетоважи датира многу назад во историјата. Со оглед на растот на популарноста, има се повеќе истражувања на психолози и разни експерти кои откриваат какви луѓе се тетовираат и што им значат цртежите на нивните тела. Неодамна беше спроведена студија предводена од Вирен Свами од Универзитетот Англиа Раскин. Откриено е, според прашалникот на кој одговорија луѓето со тетоважи и оние без нив, дека оние кои украсиле некој дел од своето тело со цртеж или текст имаат три карактеристики кои значително се разликуваат од оние кои не одлучиле да го направат тоа. 

1. Тие се екстровертни

Поотворени се, имаат повеќе енергија, сакаат да се дружат и разговараат, околината ги смета за забавни и љубезни. 

2. Тие се единствени

Авторите на студијата велат дека луѓето со тетоважи имаат потреба да бидат единствени, различни од другите. Тие сакаат да се изразат себеси, своите ставови, размислувања и да ги покажат своите разлики и идентитет.

3. Сакаат искуства

Се покажа дека луѓето кои имаат тетоважи се повеќе склони кон авантури, тие се спонтани, желни за нови искуства и познанства,

Мајката на три деца (31) потрошила 290.000 куни за да го покрие целото тело со тетоважи!