ПСИХОЛОШКА АНАЛИЗА НА СВЕДОЧЕЊЕТО НА МОМЧЕТО УБИЕЦ! Психолог откри каква е улогата на родителите: Еве што кажа за неговата СРЕДБА СО МАЈКА МУ

Момчето убиец, кое го изврши ужасниот масакр, остана целосно ладно и без емоции кога ја виде мајка си за време на сослушувањето во вторникот. Иако се очекуваше средбата со најблиските да го скрши, момчето остана цврсто и покрај тоа што беше одвоено од семејството и со постојан престој во психијатриска установа.

За неговиот психолошки профил сè уште се дебатира. Српските медиуми ја пренесоа изјавата на психологот и психотерапевт Драгана Ивановиќ .

Карактеристично за ваквите случаи е планирањето кое трае долго пред да се случи трагичен настан. Пред тоа, обично има одредени промени во однесувањето и знаци на ментална болест. Исто така, проблемите во семејството често играат значајна улога. Момчето после подолг период ја виде мајка си, но зачудувачки не покажа никаков емотивен одговор, што не наведува да размислуваме за односот во семејството – објаснува Ивановиќ.

Таа посочува и дека за подетална слика на малолетниот сторител потребно е да се разбере длабочината на целиот настан.

Различни истражувања покажуваат дека во случаите кога децата убиваат на училиште, родителите често инсистираат да бидат силни и да не покажуваат слабост. Во овој случај, таткото се фалел колку е прецизен неговиот син во пукањето. Сите овие информации ни даваат увид во сложеноста на овој трагичен настан, но сепак е потребно подлабоко истражување за подобро да се разбере мотивацијата и околностите кои довеле до масакрот – рече Ивановиќ.