WhatsApp доаѓа со интересна функција за пребарување пораки

WhatsApp воведува функција во најновата бета верзија на својот веб-клиент што ќе им овозможи на корисниците да бараат пораки испратени или примени на одреден датум.

Оваа функција може да биде корисна кога корисниците бараат порака и не се сеќаваат на клучни зборови за пребарување, но имаат општа претстава за тоа кога е испратена пораката, пренесува Telegraph.

Функцијата исто така ќе им помогне на корисниците да бараат пораки кои немаат текстуална содржина што може да се пребарува, како што се видеа и гласовни белешки.

Како што е објавено, апликацијата за пораки додаде нова икона за календар што се појавува кога пребарувате пораки.

Функцијата моментално е достапна за некои корисници кои се на најновата бета верзија на WhatsApp Web.