ПУКАЊЕ ВО АМЕРИКАНСКО УЧИЛИШТЕ: Ученик пукал во другарите во кафетеријата, а потоа го свртел пиштолот кон себе…
Во Тенеси, средношколец застрелал двајца свои врсници пред да го сврти пиштолот кон себе.
Престрелката се случила во кафетеријата на гимназијата Антиохија.
Засега не е позната здравствената состојба на повредените ученици, а училиштето се уште е во карантин.
– Гимназијата Антиохија е во карантин поради пукање во училишната зграда. Метро полицијата е на местото на настанот, се вели во соопштението на јавните училишта во Нешвил.
– Лицето одговорно за пукањето повеќе не е закана. Ќе ги собереме студентите во аудиториумот и ќе обезбедиме информации за процесот на повторно обединување што е можно поскоро. Ова е активно место на злосторство и истрага. Ќе работиме со МНПД за да обезбедиме дополнителни информации кога ќе станат достапни, се вели во соопштението вели Димитрије Петровиќ