ПУКАЊЕ ВО КОЛУМБИЈА, СРПСКИОТ НАРКО-БОС ПОБЕГНА ОД АЕРОДРОМ: Драматични сцени во Меделин, еве што се случи!

Во моментот кога полицијата го придружуваше српскиот државјанин до летот што требаше да го искористи за екстрадиција во Италија, неговите соработници влетале со автомобили и пукале во полицијата.

Српскиот државјанин Антун Мрдежа, кој е етикетиран како еден од опасните дилери на дрога во Колумбија, успеал да и побегне на полицијата на аеродромот кај Меделин! Како што пренесуваат колумбиските медиуми, Србинот бил уапсен пред осум дена, кога долетал од Карибите, односно од Доминиканската Република, а вчера требало да биде екстрадиран во Италија, која по него распишала потерница.

– На аеродромот Хозе Марија Кордова де Рионегро, кој го користи и градот Меделин, вчера рано наутро изби престрелка меѓу припадници на Националната полиција и неколку мажи кои се возеле со два луксузни автомобили, од кои едниот бил црно Ауди. Престрелката избила кога полицијата донела опасен дилер на дрога на аеродромот, од кој требало да биде екстрадиран – пишуваат медиумите и наведуваат дека, очигледно, планот за бегство бил детално испланиран.

– Во еден момент побара од полицајците кои го придружуваа да застанат да купат вода. Потоа бил отворен оган, тој успеал да влезе во еден од двата автомобили и да избега. Полицијата пукала, но за среќа во размената на оган со помагачите на опасниот бегалец никој не е повреден – додаваат оттаму.

Според неофицијални информации, Антун Мрдежа бил уапсен откако полицијата открила дека тој фалсификувал документи кога пристигнал во Колумбија. Кога бил откриен неговиот вистински идентитет, било откриено дека Италија го барала поради трговија со дрога.

– Се сомнева дека е член на криминална група која доставува дрога за источноевропските земји, а целта на неговото доаѓање во Меделин била да организира набавка на кокаин, хероин и хашиш – наведуваат оттаму. Инспекторите сè уште проверуваат и се обидуваат да утврдат дали луѓето од црното „ауди“ се членови на истата група како Мрдежа, или неговите заштитници во Колумбија.