Попладнево во центарот на Куманово се случило пукање, потврди СВР Куманово, од каде најавија детали по завршување на увидот.

Од Кумановската општа болница потврдија дека кај нив со возило на Итна помош во 17: 38 часот е донесено машко лице со две прострелни рани на двете нозе.
Поради сериозноста на повредите, лицето е испратено за Скопје.
– По пружањето на првична здравствена помош, лицето со тим од вработени е препратено до васкуларна хирургија Скопје, изјави директорката на болницата, Биљана Ивановска.