Непознати лица пукале во една од канцелариите на владејачката Турска Партија на правдата и развојот (АКП) во Истанбул, а во нападот нема повредени, соопшти денеска регионалната администрација.
Двајца напаѓачи поминале покрај партиската канцеларија во областа Бахчелиевлер и пукале пет пати во воздух, соопшти кабинетот гувернерот, додавајќи дека на горниот кат од канцеларијата биле пронајдени траги од четири куршуми.
Во моментов е во тек потрагата по осомничените, објави Спутник.
Портпаролот на АКП, Омер Челик, го осуди инцидентот, велејќи дека партијата ќе продолжи да се подготвува за претседателските и парламентарните избори на 14 мај.