Пукна брука во Финска – Сопругот на убавата премиерка фотографиран како прегрнува атрактивна девојка во ноќен клуб! Сана веднаш објави дека се разведува (ФОТО)
Сопругот на финската премиерка Сана Марин беше фотографиран со мистериозна девојка во ноќен клуб само неколку недели пред тој и неговата сопруга да објават дека се разведуваат.
Локалните медиуми јавуваат дека бизнисменот Маркус Раиконен (37) флертувал и танцувал интимно со Индијка која била на одмор во Финска, заедно со боливудските ѕвезди. Маркус наводно бил пијан и се обидел да ја бакне додека тие заедно во раните утрински часови стоеле во барот на ноќен клуб во Хелсинки, но Индијката наводно го одбила бакнежот.
Раиконен и Марин (37) во голема мера водеа одвоени животи во последниве месеци, пред конечно да ја објават својата разделба по 19 години заедничко живеење, претходно оваа недела.
Ова уследи по објавувањето на скандалозните видеа минатиот август на кои се гледа како Марин интимно танцува со маж, а таа претходно организирала забава за пријателите во нејзината резиденција каде една жена гостин и еден гостин се однесувале развратно. За проблемите во бракот говори и тоа што Марин го поминала Велигден опуштајќи се во Париз со група пријатели додека нејзиниот сопруг престојувал во Финска.
Индијката која танцуваше со Раиконен наводно допатувала во Финска во март на зимски одмор со ѕвездите од филмската индустрија на Боливуд. Локалните медиуми јавуваат дека Раиконен со неа го посетил ноќниот клуб „Пост“, каде што биле забележани на подиумот за танцување. Тие наводно останале до 4 часот наутро.
– Другите танчерки лесно ги забележаа бидејќи имаа интимна атмосфера. Маркус стоеше зад жената и ја допираше по колковите – изјави еден сведок.
– Маркус неколку пати се обиде да ја бакне жената , но таа не попушти – рече друг сведок и додаде дека сопругот на Сана Марин во еден момент бил прилично пијан.
– Најмногу ме изненади колку Маркус отворено флертува со жена. Воопшто не се грижел за останатите гости иако е во брак со Сана. Не сум многу конзервативен, но Маркус треба да се однесува според достоинството на сопругата. Ваквата состојба ја деградира институцијата премиер – рече еден од сведоците.
Марин и нејзиниот сопруг, поранешен фудбалер, кои се заедно од 18 години, но се венчаа дури во 2020 година, на почетокот на неделата објавија заедно на Инстаграм дека се разведуваат, но не ги наведоа причините за разделбата.
Најавата дојде нешто повеќе од еден месец откако Марин откри дека се повлекува од функцијата лидер на централно-левичарската Социјалдемократска партија по нејзиниот изборен пораз, што значи дека земјата најверојатно ќе добие нов конзервативен премиер.