ПУКНА ‘ТИКВАТА’ ВО ЛОНДОН – Капитенот на Челзи удри по сопствениците: “Голем проблем има на Стемфорд Бриџ, што е ова, 30 фудбалери…“

Се поизвесно е дека фудбалерот Тиаго Силва по овие зборови ќе го напушти Челзи.

Заменик капитенот на Челзи, Тиаго Силва е првиот од играчите на клубот кој го „подигна гласот“ поради катастрофалната состојба на „Стемфорд Бриџ“ предизвикана од доаѓањето на новиот сопственик Тод Боли.

Пред неполни две години, Челзи беше шампион на Европа, а денес е на дното на табелата во Премиер лигата и испадна од шега во четврт-финалето на Лигата на шампионите, каде делуваше речиси како аматерски клуб во споредба со противникот од Шпанија, Реал Мадрид.

Во меѓувреме Челзи од почетокот на сезоната досега проминија три тренери (Тухел, Потер и Лампард), а пристигнаа „куп фудбалери“ од над 600 милиони евра, а на Тиаго Силва му е доста од се и поради тоа го критикуваше начинот на кој новите сопственици го водат клубот, како да не се разбираат од фудбал.

Првиот чекор беше направен. Не беше во ред, но барем беше направен. Сопствениците се сменија, дојдоа нови играчи… Моравме да се преселиме во поголема соблекувална, бидејќи постоечката не можеше да собере толку многу фудбалери“, изјави Тиаго Силва и веднаш посочи на што се однесува неговата прва жалба: „Тренерот не е виновен, тој може да избере само 11 играчи за стартниот состав од 30. Некои не можат да бидат ниту во тимот, а потпишавме дури со осум играчи во јануари. Мораме да застанеме и да направиме стратегија. Во спротивно, би можеле да ги направиме истите грешки. Секогаш има некој вознемирен од фудбалерите, бидејќи не може секој да игра“.

Сепак, можеби некој не го известил Тиаго Силва дека Челзи веќе го договорил доаѓањето на Кристофер Нкунку, Мала Густ и Кендри Паез, дека Ромелу Лукаку, Андреј Сантос и Калум Хадсон-Одои се враќаат од позајмица, па на „сините“ можеби ќе им треба друг клуб за секој да може да игра, но и покрај тоа тие нема да се натпреваруваат во најелитните фудбалски натпреварувања во Европа.

За мене ова беше многу тешка и фрустрирачка сезона. Ова беше, можеби, мојот последен натпревар во Лигата на шампионите. Имам само една година од договорот и мојата кариера е при крај. Многу тажен ден“, изјавил Тиаго Силва, кои исто така кажа дека ова е тежок период во клубот и дека не може само да ги обвинуваат тренерите кои се обиделе да ја подобрат ситуацијата, туку едноставно не можеле да го направат тоа со толку многу фудбалери.