ГРОЗОМОРНО – Брачен пар си ги отсекле главите во чест на нивниот Бог а обезглавените тела ги пронашле нивните малолетни деца: “Сами подготвиле се…“ (фото)

Еден индиски пар наводно извршил ритуално самоубиство користејќи домашна гилотина. Парот се обезглави во бизарен ритуал на жртвување, соопшти полицијата, a објави Sky News.

Полицијата на Винчи соопшти дека Хемубхаи Маквана (38 г.), за кој се вели дека е фармер, и неговата сопруга Хансабен (35 г.) очигледно го користеле импровизираниот уред во нивната колиба некаде помеѓу саботата навечер и неделата попладне за да го извршат овој грозоморен чин.

Двојката прво подготвила огнен олтар пред да ги стави главите под механизам со налик на гилотина што го држи јаже“, изјавил полицискиот потинспектор Индраџитсих Јадеја за Hindustan Times и додал: „Се верува дека тие самите го активирале сечилото, така што главите им паднале во хаван кунд“.

Хаван кунд е традиционална огнена јама која понекогаш се користи во ритуал што се изведува за да се смират боговите.

Според извештаите, во близина е пронајдена белешка во која се бара од нивните родители да се грижат за нивните 12 и 13-годишни деца, кои се вратиле дома и ги пронајделе обезглавените тела.

Во пораката се наведува и дека нивната смрт е самоубиство и дека никој друг не е вмешан, пишува India Times. Весникот додава дека децата биле испратени да живеат кај нивниот вујко по мајка.

Инспекторот вели дека парот му се молел на Шива, хинду богот на уништувањето, во изминатата година секој ден во светилиштето што го изградиле на нивниот имот.

Во тек е истрага за да се утврди дали обезглавувањето било дел од ритуал на „црна магија“, но инспекторот тврди дека тоа не го исклучува.

Ритуалното човечко жртвување не е непознато во Индија, каде што официјалните бројки покажуваат дека имало повеќе од 100 пријавени случаи помеѓу 2014 и 2021 година.