ПУТИН БАКНУВАШЕ ЖЕНИ: Погледнете како воодушевените граѓани на Дагестан го пречекаа рускиот претседател

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во градот Дербент, а го пречекаа воодушевени граѓани.

Инаку, Дербент е најјужниот град во Русија, а воедно и трет по големина град во Руската Република Дагестан.

Владимир Путин, Дагестан

Како што може да се види од видеата кои кружат на социјалните мрежи , Путин се ракуваше со толпата ентузијастички граѓани, од кои многумина се фотографираа со него .

Една госпоѓа меѓу насобраните граѓани толку го израдува претседателот на Руската Федерација што тој ја бакна во чело за време на фотографирањето.

Аналитичарите и голем број западни лидери рекоа дека Путин е ослабен со бунтот од минатиот викенд во Русија и веројатно сака да покаже дека е сè уште популарен кај својот народ.

Очигледно, Дагестан е едно од местата каде што рускиот претседател решил да си го „расипе“ имиџот.

Путин ја посети и тврдината Нарин-Кала во Дербент.