Путин бакнуваше жени: Погледнете како воодушевените граѓани на Дагестан го пречекаа рускиот претседател (ФОТО,ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во градот Дербент, а го пречекаа воодушевените граѓани.

Инаку, Дербент е најјужниот град во Русија, а воедно и трет по големина град во Руската Република Дагестан.

Како што може да се види од видеата кои кружат на социјалните мрежи, Путин се ракуваше со толпата воодушевени граѓани, од кои многумина се фотографираа со него.

Една госпоѓа меѓу насобраните граѓани толку го израдувала претседателот на Руската Федерација што тој ја бакнал во чело за време на фотографирањето.

Аналитичарите и голем број западни лидери рекоа дека Путин е ослабен со бунтот од минатиот викенд во Русија и веројатно сака да покаже дека е сè уште популарен кај својот народ.

Путин ја посети и тврдината Нарин-Кала во Дербент.