Шолц: Многу сме сериозни за ЕУ-перспективата на земјите од Западен Балкан

 – Германскиот канцелар Олаф Шолц истакна дека се многу сериозни во врска со ЕУ-перспективата на земјите од Западен Балкан.

Канцеларот Шолц одржа заедничка прес-конференција со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во Берлин.

„Како Германија сме многу сериозни за ЕУ-перспективата на земјите од Западен Балкан. Сакам да истакнам дека ова особено важи за Северна Македонија“, рече Шолц.

Тој истакна дека Германија им оддава голема почит на македонскиот јазик и идентитет, македонската историја и на напорите за реформи што Северна Македонија ги покажа на патот кон ЕУ.

„Планираните уставни измени моментно имаат главно значење. Многубројни нешта се поврзани со успехот во оваа насока. Знам дека ова не е лесен чекор, но тоа е потребно за отворање на патот на пристапниот процес во ЕУ.“

Запрашан за односите меѓу Косово и Србија, Шолц рече дека очекува да се спроведува договорот меѓу двете земји, нагласувајќи дека секој ќе направи сѐ што е можно за добрососедството.

Премиерот Ковачевски рече дека и покрај тоа што не е членка на ЕУ, Северна Македонија има политика целосно усогласена со ЕУ што се однесува до руската агресија кон Украина.

Ковачевски нагласи дека во ЕУ-процесот се на многу напредно ниво и додаде: „Моментно повеќе од 45 отсто од нашето законодавство е усогласено со ЕУ и голем број наши институции се основани благодарение на работите на институциите на ЕУ.“

Тој се осврна и на дискусиите за уставните измени во Северна Македонија.